Досега пријавените грешки доаѓаат од САД, Канада и Велика Британија
Таканаречениот Milenium Bug кој предизвика страв низ целиот свет во 1999 година ја погоди автомобилската марка Honda. И тоа сега, повеќе од 21 година подоцна, системите на различни модели на возила на Honda се префрлија во 2002 година наместо во 2022 година.
За разлика од страшната „милениумска бубачка“, која го држеше во неизвесност целиот (компјутерски) свет во транзицијата од 1999 во 2000 година, ова не е глобален проблем, туку проблем на многу модели на Honda за кои навигациските системи сметаат дека е 2002 година. Имено, неколку сопственици го пријавиле истиот проблем на голем број форуми како Honda CR-V Owner’s Club и на добро познатата платформа за дискусија Reddit. Проблемот се однесува на автомобилите произведени од 2004 до 2012 година, а според зборовите на сопствениците датумот и времето не може рачно да се постават.
Досега пријавените грешки доаѓаат од САД, Канада и Велика Британија. Сопствениците на автомобили наведуваат дека нивните навигациски системи работат сосема добро, како и другите функции. Honda за американскиот сајт Jalopnik изјави дека компанијата е свесна за проблемот и истражува можни контрамерки. Еден од засегнатите сопственици на Honda CR-V контактирал и со Honda по што му било кажано дека проблемот ќе продолжи до август 2022 година и потоа автоматски ќе се коригира.