Лидерот во неформалното образование – Бреинстер, кој неодамна се стекна со титулата „Највисоко рангирана образовна институција во 2021 година” според 99Schools, продолжува да создава можности за сите оние кои сакаат да се усовршат во одредена област или пак да се преквалификуваат преку проектот Ваучери 2.0.
Инспирирани од учеството во кампањата „Ваучери за обуки за дигитални вештини“, организирана во 2020 година од страна на Министерството за образование и наука, и високо постигнатите резултати со кариерни почетоци и трансформации на студентите, Бреинстер овој пат ги презема работите во свои раце и го создаде проектот Ваучери 2.0.
Овој проект се состои од тест на знаење каде што учесниците преку проверка на своето општо знаење, како и генерални познавања во областа на програмирање, дигитален маркетинг, графички дизајн, software testing, data science, UX/UI дизајн, проектен и продукт менаџмент, како и менаџмент на човечки ресурси, ќе можат да се натпреваруваат за можноста да добијат вредносни ваучери до 2.500 евра коишто ќе можат да ги искористат за запишување на некоја од академиите на Бреинстер.
Тестот се состои од вкупно 40 прашања преку кои учесниците ќе можат да ги тестираат своите способности за решавање на проблеми, логички и нумерички прашања, логички игри и прашања од општо и стручно знаење. За решавање на тестот, учесниците ќе имаат 25 минути.
Во зависност од постигнатите резултати, учесниците ќе имаат можност да добијат еден од 3-те видови на ваучери кои целосно или делумно ќе ги покријат трошоците за совладување на некоја од најбараните ИТ/дигитални вештини и лансирање на нова кариера во посакуваната индустрија.
Целта на овој проект е Бреинстер да пронајде мотивирани индивидуи кои ќе го совладаат предизвикот на зачекорување во ИТ или дигиталната индустрија и ќе им пружи поддршка уште од самиот почеток. Овој проект е во потрага по талентирани и вредни личности кои со својот труд и знаење се стремат да го променат светот. Тимот на Бреинстер верува и континуирано вложува во квалитетната едукација на своите студенти кои се одраз на вредностите на компанијата.
Повеќе за проектот Ваучери 2.0 може да дознаете тука.
Поврзани артикли