Се повеќе компании избираат да произведуваат уреди со екрани на преклоп, а резултатите во светот на компјутерите се различни. Но, на новиот производ на Asus дефинитивно му треба внимание.
Asus има добра репутација, посебно кога станува збор за идеи за екран. Значи, беше само прашање на време кога ќе се одлучат за преклопен екран, а резултатот ќе го видиме наскоро. Станува збор за лаптоп од 17,3 инчи со флексибилен OLED екран наречен Zenbook 17 Fold OLED.
Освен што изгледа одлично, овој вид на лаптоп му олеснува на корисникот да стави поголем екран во торба. На пример, таблет од 17 инчи би бил непрактичен за носење, без разлика колку е лесен, но лаптопот на Asus го нема овој проблем. Дополнително, лаптопот е практичен и поради неколку различни начини на користење може да се отвора и користи како стандарден таблет, може да се постави на држач, но и да се користи во форма на класичен таблет.
Уредот работи на 12-та генерација на Intel Core i7 U-Series процесори, и има до 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање. Го користи софтверот Asus ScreenXpert 2 за да го олесни споделувањето на екранот и уредувањето на неговата содржина.
За напојување е задолжена батерија од 75 kWh, но сè уште не е познато колку долго може да издржи со едно полнење.
Zenbook 17 Fold OLED се очекува да се појави на пазарот во вториот квартал на оваа година. Цената сè уште не е објавена.