Видот на коронавирусот – омикрон дава малку поинакви симптоми од инфекцијата со видот делта.
Здравствените експерти од Американскиот центар за контрола на болести наведуваат дека еден од симптомите на инфекција со сојот омикрон може да биде бледа, сива или сина нијанса на ноктите, усните или кожата.
Иако се смета дека сојот омикрон се шири многу побрзо од претходно познатите варијанти на коронавирусот, студиите покажаа дека е поблаг од другите видови, а првите извештаи од Велика Британија откриваат дека ризикот од хоспитализација е 50 до 70 проценти помал отколку инфекцијата со делта сојот.
Експертите од Американскиот центар за контрола на болести предупредуваат дека синкавата боја на кожата, усните и ноктите може да биде знак за ниско ниво на кислород.
Други симптоми на инфекцијата со омикрон вклучуваат болка во лумбалниот (долниот) дел на ‘рбетот, засипнатост, ноќно потење, болки во мускулите и течење на носот.
Лекарите предупредуваат дека секој од наведените симптоми е знак дека човек треба да се консултира со лекар.