Оваа категорија пациенти едноставно не успева да развие доволно моќен имун одговор на Ковид-19 со кој би се заштитилe.
Онколошки болните лица кои се вакцинирани со две дози вакцини против Ковид-19 не би смееле да ја потценат опасноста од зараза со коронавирусот, предупредиле научниците.
Од 54 онколошки пациенти кои се заразиле со коронавирусот и покрај тоа што биле вакцинирани со две дози на Модерна или Фајзер или со една доза од Џонсон и Џонсон, пред препораката да се вакцинираат со бустер доза, 65 отсто од нив биле хоспитализирани, 19 отсто завршиле на одделот на интензивна нега, додека пак 13 отсто починале, се податоците од Меѓународниот конзорциум за проучување на Ковид-19 и канцер.
Со судијата не е анализирана ефикасноста на вакцините во превенција на заразата.
Но, меѓу пациентите вакцинирани со две дози кои се заразиле со коронавирусот, Ковид-19 бил еднакво тежок во споредба со 1.656-те невакцинирани пациенти со канцер и Ковид-19, објавиле научниците во списанието „Annals of Oncology“.
„Многу студии укажуваат на тоа дека пациентите кои боледуваат од било кој облик на канцер не успеваат да создадат моќен имун одговор во организмот, а ова е првата голема студија која веројатно упатува на последиците“, изјавил д-р Џереми Варнер од Универзитетот Вандерблит во Нашвил.
„Кај онколошки болните пациенти дополнителната бустер доза е клучна, како и континуираното носење на заштитни маски, одржување на физичка дистанца и поттикнување на сите нивни блиски контакти да се вакцинираат“, изјавил Варнер.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли