Елон Маск е на чекор да го претвори воздухот во гориво кое ќе го користи за неговите вселенски патувања. Тој веќе започна со програмата за издвојување на јаглерод-диоксид од атмосферата за употреба на ракетно гориво.
Маск рече дека овој проект ќе биде од витално значење за патувањето на Марс, каде атмосферскиот јаглен-диоксид е единствениот ресурс кој може да се користи за безбедно враќање од Црвената планета.
SpaceX is starting a program to take CO2 out of atmosphere & turn it into rocket fuel. Please join if interested.
— Elon Musk (@elonmusk) December 13, 2021
„SpaceX ќе покрене програма за претворање на CO2 од атмосферата во ракетно гориво. Ако сте заинтересирани придружете ни се“, рече Маск, кој доби голема поддршка од фановите, но имаше и такви кои го критикуваат.
Голем дел од луѓето се загрижени и за штетата која ваквите мисии можат да и ја нанесат на атмосферата.
Поврзани артикли