Koenigsegg многу пати покажал што може да се направи за да се прошират хоризонтите на механичките иновации
Системот Direct Drive на Koenigsegg, кој го отстранува преносот од приказната, е само еден од нив. Нивниот најнов модел Jesko, кој е познат и како еден од најбрзите во светот, поставува уште еден рекорд. Се напојува со 5.0 V8 мотор кој може да постигне неверојатна брзина за кратко време. Номинално, ротира до 7.800 вртежи во минута во мирување или 8.500 вртежи во минута во движење. А за да се постигнат тие вртежи од место, потребни се само 213 милисекунди, што значи дека се завртува со брзина од 31.700 вртежи во секунда.
Во Koenigsegg велат дека измериле и поголеми брзини при поголеми стартни вртежи, а оделе до 46.000 вртежи во секунда!
Ако се земе предвид дека брзината со која моторот забрзува влијае на возењето на автомобилот, јасно е дека Јesko одлично вози.
„Колку подобар број ќе добиете овде, толку подобра контрола ќе добиете над автомобилот, и толку е подиректен одзивот на вашето појдовно барање. А тоа значи дека можете да „шалтате“ побрзо. Затоа што дури и ако имате супербрз менувач, а имате голема инерција и бавен одговор на моторот, тој нема брзо да реагира помеѓу промените на степенот на пренос и со тоа ќе се забави целиот процес“, објаснуваат од Koenigsegg.
Моделот Jesko има менувач наречен Light Speed Transmission за кој Koenigsegg тврди дека е најбрз во светот. Нема спојка помеѓу моторот и менувачот, но има спојки со помала тежина во самиот менувач. Погонскиот 5.0 V8 дава максимални 1.600 КС и 1500 Nm кога се вози на E85, или 1.280 КС на стандардно гориво.
Извор: Додај Гас