Ослободете се од токсините во крвта и подобрете ја еластичноста на крвните садови така што ќе ги исчистите од наслагите од холестерол. Пожелно е редовно да го практикувате чистењето на крвните садови.

Ова можете да го направите и со примена на фармацевтски лекови, но истите предизвикуваат многу несакани ефекти. Поради тоа, најдобрата опција за прочистување на крвните садови е примената на природни лекови.

Лукот и лимонот се многу ефикасни во тоа бидејќи го намалуваат нивото на холестерол, ги зајакнуваат ѕидовите на артериите и го намалуваат ризикот од опасни болести како што е атеросклероза. Оваа тинктура со лимон и лук со векови се користи во руската народна медицина.

Освен тоа, овој народен лек спречува создавање на канцерогени клетки, а потврдено е дека лукот содржи големи количини на антиоксиданти кои го регенерираат и подмладуваат организмот.

Народен рецепт за чистење на крвните садови од холестерол

Потребни состојки:

– 4 главици лук
– 4 лимони со средна големина (неизлупени)
– 3 л. провриена вода

Начин на подготовка:

Исчистете го лукот и исечкајте го лимонот на кришки, а потоа изблендирајте ги. Ставете ја мешавината во чиста стаклена тегла и прелијте со 3 литри провриена вода. Затворете ја смесата и оставете ја во фрижидер 3 дена. Чувајте ја во фрижидер додека не ја потрошите.

Употреба:

Максималната доза е 50 мл. 3 пати дневно, пред јадење.

Меѓутоа, чистењето на крвните садови треба да започне со помали дози (1-2 лажички), а ако не чувствувате никакви непријатности, полека зголемувајте ја дозата до препорачаната количина. Траењето на овој третман е 40 дена.

Препорачливо е ваквиот начин на чистење на крвните садови да го спроведете барем еднаш годишно, по консултација со лекар. Овој напиток ќе ја подобри циркулацијата на крвта и нејзиниот состав на липиди, ќе го нормализира крвниот притисок, а освен тоа помага и при слабеење.