Археолозите во Кина открија неколку минијатурни бронзени статуи на Буда, кои, според археолозите, се најстарите пронајдени досега. Претпоставуваат дека тие се стари 2.200 години.
Две бронзени статуи на Буда и голем број археолошки предмети се ископани од антички гробници кои датираат од династијата Источна Хан (25-220) во северозападната кинеска провинција Шанкси, објавија од Академијата за археологија од Шанкси.
Будизмот е една од најголемите религии во светот и нејзините следбеници веруваат дека медитацијата, духовната и физичката работа и доброто однесување се начини да се постигне просветлување.
Едната статуа, позната како Шакјамуни, го прикажува Буда како стои на платформа облечен во долга наметка, а другата, пак, е за Петте Татагата, која ги истакнува петте големи Буди.
Фигурините биле направени во стилот Гандара, кој е стил на будистичката визуелна уметност што се развила во денешен северозападен Пакистан и источен Авганистан, помеѓу првиот и седмиот век п.н.е.
Статуите на Буда ги откриле археолози кои работат во северозападната провинција Шанкси, лоцирана во централна Кина, каде што биле пронајдени светски познатите скулптури од теракота во природна големина, откриени во 1970-тите.
За време на ископувањата што траеле од јуни 2020 година до ноември 2021 година, откриени биле 3.648 антички гробници, изградени од периодот на завојуваните држави (475 п.н.е. – 221 п.н.е.) до династијата Кинг (1644-1911 п.н.е.).
Утврдено е дека повеќето закопани во гробниците припаѓаат на членови на кралското семејство, високи функционери и великодостојници. Досега се откопани повеќе од 16.000 културни реликвии, вклучително и двете статуи на Буда.
Фигурината на Шакјамуни е висока десетина сантиметри, а таа на Татагата, 15-тина сантиметри – и двете биле направени од легура на бакар, калај и олово.
Според археолошката академија Шанкси, која ги спровела ископувањата, постоело широко распространето верување дека статуите се олицетворение на религиозните верувања и дека се појавиле само во периодот на шеснаесетте кралства.
Гаутама Буда бил основач на будистичката религија и наводно живеел помеѓу 600 и 400 п.н.е.
Поврзани артикли