Регулаторот за лекови на Европската Унија (ЕМА) објави дека три месеци по ревакцинацијата, треба да се прими трета доза против коронавирус, поради исклучително загрижувачките показатели за зараза во Европа.
„Иако сегашната препорака е да се даваат бустери по шест месеци, моментално достапните податоци ја поддржуваат безбедната и ефективна употреба на бустерите веќе три месеци по вакцинацијата“, рече на брифингот со новинарите Марко Кавалери, менаџер за стратегија за вакцинација на ЕМА.
И покрај појавата на нова варијанта – омикрон, ЕМА смета дека ширењето на доминантната делта варијанта на вирусот треба да биде главниот фокус на борбата против актуелниот бран.
„Имунолошката ситуација во Европа останува крајно загрижувачка. Делта останува главниот фокус на активностите на јавното здравство во справувањето со пандемијата и нејзините последици“, рече Кавалери.
Главниот извршен директор на ЕМА рече дека производителите на вакцини треба да ги достават резултатите од лабораториските тестови за да се утврдат нивоата на неутрализирачките антитела произведени од нивните омикронски вакцини, како дел од процесот на утврдување дали ќе биде потребна надградба на вакцината.
Партнерите „Бионтек“ и „Фајзер“ вчера станаа првите производители на вакцини кои објавија такви податоци, велејќи дека три дози од нивната вакцина може да го неутрализираат омикронот.
Кавалери, исто така, рече дека засега нема причина за загриженост по кампањата за вакцинација за деца на возраст од пет до 11 години во САД, каде што повеќе од пет милиони од таа возрасна група примиле најмалку една доза од вакцината.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека за повеќето луѓе, вакцините обезбедуваат силно ниво на заштита од сериозни инфекции најмалку шест месеци.
Агенцијата на ОН нагласи дека распределбата на основните дози во посиромашните земји треба да биде приоритет и дека во моментов им препорачува трета доза на луѓето со веќе постоечки здравствени проблеми или оние кои примиле инактивирана вакцина.
Поврзани артикли