Иако системот за регенеративно сопирање во Model 3 може да биде оневозможен, на тинејџерот кој полагал не му било кажано да го деактивира системот
Тинејџер од Калифорнија неодамна паднал на возачки испит поради нешто што не го направил тој, туку Tesla Model 3 со кој полагал. Говорејќи за локалните медиуми, 16-годишниот Брус Розенблум рекол дека станува збор за регенеративниот систем за сопирање на Tesla.
„На самиот почеток на тестот испитувачот ме предупреди дека автомобилот сам успорува, како на знак „стоп“. Ми кажа дека тоа веќе се случило двапати, пред воопшто да излеземе од паркингот. Потоа продолжуваме со тестот. Направив се што бараше тестот, по што таа ми кажа дека сум паднал“, вели Розенблум.
Иако системот за регенеративно сопирање во Model 3 може да биде оневозможен, на Брус не му било кажано да го деактивира системот. Таткото на момчето, Нил, поднел тужба против локалната канцеларија на автошколата, а откако медиумите почнале да известуваат за приказната, одделот за теренски операции на автошколата на Брус му дал возачка дозвола.
„Во суштина, испитувачот, пред се, рекол дека автомобилот сам сопира, на што одговорив: ок, но така работи колата, а таа рекла: но тој мора да ми покаже дека всушност може да ја движи ногата од педалата за гас до педалата за сопирачката, а јас реков дека автомобилот не е така сетиран. Ако се тргне ногата од гасот и почне да се движи кон сопирачката, автомобилот ќе застане на сред пат“, рекол Нил Розенблум.
За среќа, Брус сепак ја добил својата возачка дозвола, а автошколата издала упатство на својот персонал дека системот за регенеративно сопирање повеќе не може да се користи како причина за проценка на грешките при возењето.
Извор: Додај Гас