Moto Edge X30 ќе биде претставен во четврток како прв паметен телефон со најновиот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 чипсет. Брендот почна да открива повеќе детали за телефонот во последните неколку дена, а најновите тизери го открија траењето на батеријата, дизајнот на камерите и сензорите.
Уредот се појави и на Geekbench со 12GB RAM, додека извршниот директор на Motorola сподели видео од производната линија, потврдувајќи дека Edge X30 ќе биде подготвен за лансирање на 9. декември.
Поставката на камерите на задната страна ќе има две камери од 50MP – зад широкиот и ултраширокиот објектив. Третата единица е веројатно едноставна камера од 2 MP за портретни снимки. Селфи камерата од предната страна ќе биде во централно поставен отвор и ќе има сензор од 60MP.
Батеријата во внатрешноста на Edge X30 ќе има капацитет од 5.000 mAh и ќе поддржува брзини на полнење од 68W, за прв пат со овој бренд. Уредот ќе има и NFC, нешто што водечките модели на Moto го прескокнаа во последните неколку години, пренесува GSM Arena.
Не остана многу да се открие за новиот телефон бидејќи екранот од 144 Hz претходно беше исто така детално опишан. Конечната непозната е цената и достапноста и дали Edge X30 ќе има подоцна уште една подверзија.