Кинескиот ровер Yutu-2 доби специјална задача, да истражи мистериозен објект на темната страна на Месечината.
Новинарот Ендру Џонс, кој за Space News известува за кинеската вселенска програма, објави серија твитови на оваа тема, а објектот во форма на коцка е наречен „мистериозна куќа“.
Роверот треба да се доближи колку што е можно поблиску до објектот и да ја реши мистеријата забележана на темната страна на Месечината. Yutu-2 се наоѓа на Месечината уште од 2019 година, пишува CNET.
За потсетување, Yutu-2 во 2019 година откри „непозната материја“ во еден од бројните кратери на Месечината. Подоцна беше откриено дека не станува збор за траги на вонземска раса, туку за стаклеста карпа.
Ah. We have an update from Yutu-2 on the lunar far side, including an image of a cubic shape on the northern horizon ~80m away from the rover in Von Kármán crater. Referred to as "神秘小屋" ("mystery house"), the next 2-3 lunar days will be spent getting closer to check it out. pic.twitter.com/LWPZoWN05I
— Andrew Jones (@AJ_FI) December 3, 2021
Кинеската мисија Chang’E-4 е прва на темната страна на Месечината, а им помага на научниците да дознаат повеќе за неговата структура. Снимките од „мистериозната куќа“ на хоризонтот, како и споменатата неидентификувана материја предизвика интерес во јавноста. Најверојатно станува збор за уште една карпеста структура, но да ги почекаме резултатите.
Роверот има соларен погон, па ќе му требаат неколку дена да стигне до локацијата.
Извор: Objektiv.rs