Со овој брз тест може да проверите во каква состојба се вашите бели дробови, а процесот е толку лесен што секој може да го направи дома.
Сè што ви е потребно е едно кибритче или пак запалка и – малку време!
Прво што треба да направите е да го запалите кибритчето или пак запалката и да ја испружите раката во која го држите.
Потоа вдишете длабоко на нос, па издишете преку устата.
Напомена: Teстот неопходно е да го правите во проветрена просторија во која нема големо движење на воздух.
Колку пати моравте да го повторите овој процес пред да го згаснете пламенот?
Доколку ви беше потребно неколку пати да го повторите процесот, тогаш веројатно имате проблеми со белите дробови.
Таквите проблеми може да бидат предизвикани од пушење цигари, недостаток на физичка активности или пак хронична болест на респираторните органи.
Сепак, имајте предвид дека на капацитетот на белите дробови може да влијае и вашиот начин на живот.