Се очекува Motorola да претстави два нови смартфони во декември – Edge S30 со Snapdragon 888+ и Edge X30 (Edge 30 Ultra Global) со Snapdragon 8 Gen1 чипсет. Според дојавувач, би можел да се појави и трет телефон, а негова единствена карактеристика ќе биде предната камера под екранот. Објавата на првите два се очекува до крајот на годината, а третиот во првиот квартал од 2022 година.
Трендот на UD селфи камери почна пред 15 месеци од ZTE и неговиот Axon 20, додека Xiaomi и Samsung ја усвоија технологијата минатото лето, во Mix 4 и Galaxy Z Fold3.
Типстерот не откри како ќе се вика уредот и дали ќе биде дел од постоечката линија или ќе биде пионер во новата серија, пренесува GSM Arena.
Иако немаме никакви спецификации, може да се очекува дека новиот екран може да биде 1080p или дури 1440p, а технологијата денес еволуираше толку многу што нема да има проблеми со пикселите кои би можеле да ја попречат работата на камерата.