Меѓународното жири одбра седум финалисти во изборот за најдобар автомобил на годината.
Жирито одбра седум од вкупно 38 кандидати за престижната награда, а тоа се: Cupra Born, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Peugeot 308, Renault Megane E-Tech и Škoda Enyaq. Интересен е фактот што само моделот на Peugeot нема електричен погон.
Ова е сосема различна ситуација од минатогодишната листа кога на листата имаше само два електрични автомобили – Volkswagen ID 3 и Fiat 500 Electric.
За да учествуваат во изборот, моделите мораат да бидат достапни на најмалку 5 европски пазари пред крајот на оваа година.
Жирито е составено од 61 судија од 23 земји, а кандидатите се бираат со гласање. Втората фаза ќе биде одржана наредната година, а најдобриот автомобил ќе биде прогласен на 28 февруари.
Најдобриот автомобил за 2021 е Toyota Yaris, во 2020 Peugeot 208. Претходно наградите ги освоија Jaguar I-Pace и Volvo XC40.
Извор: Klix.ba