Раководителот на Европската вселенска агенција (ESA), Јозеф Ашбахер сака „да го види првиот астронаут“ од Стариот континент на Месечината до 2030 година, објави ДПА.
„Целта е да испратиме астронаути на површината на Месечината до крајот на ова десетлетие, изјави Ашбахер за агенцијата во Париз.
Тие „зад себе би ги оставиле првите отпечатоци од европски чевли“ на површината на Месечината – што секако би било од симболично значење. Ашбахер смета дека целта може да се постигне и дека очекува Месечината во иднина да стане нов економски простор и – нов континент.
Но, нема конкретни планови за европска мисија. Ашбахер рече дека тоа било важна точка за преговорите со американската агенција NASA.
NASA во мигов планира да испрати астронаути на Месечината до 2025 година – првпат по речиси 50 години, во рамки на мисијата „Артемис“. ESA, според Ашбахер, е вклучена во таа мисија.
„Вклучени се и други компании, но убаво е да се види НАСА зависна од Европа како доверлив партнер… И, тоа е, секако – нашиот заеднички пат до Месечината!“, рече тој.
Поврзани артикли