При фронтален судир, седиштето нуди приближно 50% повеќе заштита од традиционалните детски седишта свртени нанапред, велат од Cybex
Сybex направи мала револуција со седиштето Anori T i-Size бидејќи за прв пат комбинира систем на воздушни перничиња и детско седиште. При фронтални судири, кај стандардните детски седишта свртени нанапред, телото го држи појас, но се јавува нагло движење на вратот на детето. Со Cybex, воздушното перниче интегрирано во штитот конкретно ги штити кревката глава и вратот на детето. Воздушното перниче се активира за неколку милисекунди и се отвора во форма на буквата С пред детето.
При фронтален судир, седиштето нуди приближно 50% повеќе заштита од традиционалните детски седишта свртени нанапред, велат од Cybex. Развиено според стандардот UN R129 / 03, седиштето е за деца од 76 cm до 115 cm во висина и тежи 21 kg. Има и положба за спиење со неколку поставки.
Седиштето Anoris T i-Size ќе биде достапно на пазарот од крајот на ноември 2021 година. Предложената малопродажна цена е 699,95 евра.
Извор: Додај Гас