Пентагон соопшти дека формирал Канцеларија за собирање и анализи на информации за неидентификувани летечки објекти (НЛО) видени од различни родови на американската војска.
Оваа „Координирана воздушна група за идентификација и управување“ или АОИМСГ го заменува „Работното место за неидентификувани воздушни појави“ формирано во август 2020 година, а потоа ставено под покровителство на американската морнарица, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на САД.
Канцеларијата е под јурисдикција на потсекретарот за одбрана задолжен за разузнавање и безбедност, што укажува на фактот дека американската војска не ги смета „малите зелени“ одговорни за „неидентификуваните воздушни феномени“, туку вистинските противници на САД.
Вашингтон е всушност загрижен за способноста на Кина да шпионира со помош на дронови и други летечки уреди. Идниот директор на АОИМСГ, кој се уште не е назначен, ќе ја координира работата на различните родови на американската војска и разузнавачките служби на терен.
Поврзани артикли