Компанијата General Atomics со седиште во Калифорнија тестира нов дрон кој ќе биде посмртоносен од кој било друг моментално достапен за американската војска.
Дроновите брзо напредуваа од улогата во извидување во борбена улога против непријателските сили. Војската на САД долго време користеше голем број различни видови беспилотни летала во своите операции, а исто така соработуваше со партнери во развојот на својата верзија на беспилотни летала и нивните способности.
Развивањето беспилотни летала без јасна визија за воена употреба е ризична стратегија, но се чини дека General Atomics има едноставен план. Целта е да се обезбеди што е можно поголема оружна моќ за дронот, повеќе од кога било досега, а побарувачка на пазарот во секој случај има.
Новото беспилотно летало може да носи до 16 ракети Hellfire во еден лет. Повеќето беспилотни летала во моментов користат ракети воздух-земја, но 16 е четирипати поголем од бројот на ракети што може да ги носи MQ-9 Reaper. Овој дрон исто така беше произведен од General Atomics и денес има до 200 примероци. Нивниот домет е 1.850 километри и ги користи Министерството за внатрешна безбедност на САД, но и некои други земји во светот.
Дизајнот доаѓа од дронот MQ-IC Grey Eagle со тоа што е жртвувана висината за да го направи дронот поиздржлив. Grey Eagle може да носи до осум Stinger ракети воздух-воздух, а новиот дрон би можел добро да се вклопи во планот на американското воено воздухопловство за зајакнување на воздушните борбени способности.
Сепак, поголемата огнена моќ има и свои негативни страни. Секоја ракета Hellfire тежи 45 килограми, а носењето 16 такви ракети значи дека дронот ќе ја носи речиси целата тежина. Актуелниот Gray Eagle може да носи 360 килограми, така што двојно поголем капацитет ќе влијае на издржливоста на дронот и ќе го намали товарот за други мисии или системите за ладење на сензорите.
Нема детали за погонот на дронот, но се знае дека има поголеми крила, што би можело да значи дека погонот нема значително да се подобри. Во извештајот се споменува автоматско полетување и слетување за да се намали притисокот врз UAV пилотите.
На новиот дрон му се доволни 244 метри за полетување, па може да го користи морнарицата, но и војската на тешки терени.
Извор: Klix.ba