Во објава на својот блог, Motorola откри детали за претстојниот Moto G Power, чија цена ќе почне од 200 долари. Буџетскиот телефон ќе има камера од 50 MP, ултраширок екран за гледање содржини и најмалку 64GB вградена меморија, иако ќе биде достапна и опција од 128GB.
Како и многу евтини телефони, Motorola успеа да вметне голема батерија во Moto G Power. Овој пат ќе биде вклучена батерија од 5.000 mAh која треба да овозможи да користење на уредот три дена без ниту едно полнење. Ако го користите уредот за слушање музика, тој ќе работи 110 часа, гледањето видеа е можно 18 часа, а со постојано користење на социјалните мрежи на уредот, батеријата ќе трае 17 часа, велат од Motorola.
Друга посебна карактеристика на овие евтини уреди е нивната способност да имаат пристојно поставување на камерата. Новиот Moto G Power вклучува главен сензор од 50 MP со Quad Pixel технологија, што ја зголемува чувствителноста при слаба осветленост за четири пати. Тоа значи дека дури и при слаба осветленост, ќе добиете прилично остри и светли фотографии. Тука е и наменската Macro Vision камера која два и пол пати ве приближува до темата на фотографијата, овозможувајќи ви да снимите уште повеќе детали. Доколку сакате истовремено да фотографирате со предната и од задната камера, тоа можете да го направите на Moto G Power телефонот со режимот на двојно снимање.
Просторот за складирање на нов телефон може да биде малку тесен во зависност од верзијата што ја купувате. Моделот од 200 долари доаѓа со само 64GB простор, додека малку поскапата верзија од 250 долари вклучува 128 GB вградена меморија. Ако после ова и натаму ви треба повеќе простор, само вметнете microSD картичка и додајте до 512 GB дополнителна меморија.
Телефонот вклучува и 6,5 инчи Max Vision HD+ екран со сооднос од 20:9 и брзина на освежување од 90 Hz, што го прави идеален за играње игри или прелистување на интернет. Уредот, исто така, го покренува octa-core процесор кој треба да му овозможи лесно да се справи со повеќето задачи.
Поврзани артикли