Се шпекулира дека Xiaomi ќе ја лансира Xiaomi 12 серијата во декември во Кина. Компанијата се очекува да претстави три Xiaomi 12 телефони, а тоа се – Xiaomi 12, Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 Ultra. Сепак, се чини дека брендот се подготвува и за лансирање на Mini верзија на смартфонот. Дојавувачот @MayankkumarYT сподели некои детали на Твитер за претстојниот паметен телефон, кој навистина би можел да биде Xiaomi 12 Mini, пренесува My smart price. Се очекува уредот да има рамен екран од 6,28 инчи за оние кои сакаат компактни уреди.
Според постерот кој го сподели дојавувачот, Xiaomi 12 Mini ќе биде претставен во Кина на 21 декември. Уредот може да пристигне со 6,28-инчен FHD+ рамен AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz и одзив на допир од 480 Hz. Според протечените информации, екранот би можел да биде осветлен до 1500 нита и може да поддржува HDR10+. Xiaomi 12 Mini ќе работи со добро познатиот Snapdragon 870 чипсет, заедно со 12GB LPDDR5 RAM и 256 GB UFS 3.1 простор за складирање.
Xiaomi Mi 12 Mini. pic.twitter.com/FzyQijjC4v
— Mayank Kumar ❂ (@MayankkumarYT) November 15, 2021
Во однос на оптиката, уредот ќе има систем со четири камери на задната страна со комбинација од примарна камера од 100 MP со OIS, ултраширок објектив од 20 MP, леќа со 5x оптички зум и 2x портрет објектив. Xiaomi 12 Mini треба да има батерија од 4700 mAh со брз жичен полнач од 67 W и безжично полнење од 50 W. Другите карактеристики може да вклучуваат поддршка за Bluetooth 5.2, двојни стерео звучници Harman со Dolby Atmos, и IP68 сертификат. Ќе има дебелина од 7,96 мм и ќе биде тежок околу 176 грама.
Според протечениот постер, Xiaomi 12 Mini ќе биде достапен во три различни варијанти – 8GB + 128GB по цена од приближно 492 €, 8GB + 256GB по цена од околу 534 € и 12GB + 256 GB за приближно 590 евра. Бидејќи не постои начин да се потврди автентичноста на горенаведените информации, предлагаме да ги земете со доза на резерва.