Бинтерн е прва платформа во Македонија која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување. Стартап компанијата е поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој како иновативен производ и решение.
Целта на Бинтерн е да им овозможи на студентите и студентите побрз и поедноставен начин на започнување на својата кариера преку поврзување со компании за пракса и работа. Услугите воедно им помагаат на компаниите од млади и амбициозни луѓе да изградат вработени кои ќе развииваат професионални кариери. да си изградат вработени од млади и амбициозни луѓе.
Платформата Бинтерн до сега има преку 40 успешни приказни (луѓе кои започнаа кариера во компании), преку 110 регистрирани компании на платформата, и повеќе од 20 огласи секој месец. а платформата до сега се регистрирани околу 2500 студенти и дипломци од различни струки кои се спремни да ја започнат нивната кариера.
Во моментот компанијата има склучено соработки со повеќе студентски организации, универзитети и едукативни центри, вклучувајќи ги и:Универзитетското Студентско Собрание на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски” – Битола, Универзитет „Апостол Павле” – Охрид, Универзитет „Американ Колеџ” – Скопје, ФЕИТ, Градежен Факултет и многу други.
Целта на овие соработки е доближување на платформата до студентите и зголемување на нивните кариерни можности за пракса и работа во некоја компанија.
Бинтерн беше организатор и на Jobathon, односно Hackathon за вработување на кој учесниците имаа задача да програмират решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив.
Битолскиот стартап е организатор и на Emerging Technologies со цел да сe соеднини ИТ заедницата и да се разменат искуства и знаења.
Сите студенти и додипломци кои размислуваат каде може да започнат со кариерата можат да се регистрираат на https://bintern.com/.