Дознајте што е соларен панел, а што соларен колектор? Што е поефикасно, а кои се нивните предности и недостатоци?
Соларните панели се составени од низа фотоволтаични ќелии и можат да се користат во поголеми фотоволтаични системи за производство на електрична енергија.
Сончевото зрачење кое допира до соларниот панел се претвора во еднонасочна електрична енергија. Количината на електрична енергија што соларниот панел може да ја произведе зависи од неговата моќност, местото каде што е поставен и бројот на сончеви часови.
Основната поделба на соларните панели е на монокристални и поликристални.
Сончевиот колектор собира топлина со апсорпција на сончевото зрачење. Сончевите колектори собираат топлина, не произведуваат струја. Постојат неколку видови сончеви колектори, а најзастапени се плочести и вакуумски. Сепак, постојат и други видови како што се концентрирани (параболични) соларни колектори кои се користат во соларните централи. Тие не произведуваат директно струја, туку топлинска енергија, загреваат вода и произведуваат водена пареа од која подоцна се добива струја.
Сончевите колектори обично се користат во домаќинствата за затоплување на санитарна вода, загревање и евентуално греење на просторот.
Ефикасност
Ефикасност на соларни панели:
Повеќето комерцијални соларни панели имаат ефикасност од 12-18%. Ефикасноста на соларните панели се мери како процент од успешно конвертираното сончево зрачење кое доаѓаа до соларните панели во електрична енергија. Физички помал соларен панел кој ја обезбедува истата излезна моќност како физички поголем соларен панел е поефикасен. Ефикасноста на соларните панели зависи и од ориентацијата на соларните панели, температурата, како и од тоа дали соларниот панел е во сенка.
Ефикасноста на сончевите колектори зависи од следниве критериуми:
– Површината на соларните колектори
– Вкупната количина на сончево зрачење што доаѓа во колекторот
– Положба и ориентација на сончевиот колектор.
Соларните колектори имаат поголема ефикасност (искористување на сончевото зрачење) од соларните панели.
Предности и недостатоци
Главните предности на соларните панели се:
– Ниски трошоци за одржување
– Лесна инсталација
– Енергетска независност
– Нема бучава и подвижни делови.
Главните предности на сончевите колектори се:
– Погодни за работа на високи температури
– Висока ефикасност.
Недостатоците на соларните панели се:
– Голема вредност при почетна инвестиција
– Поправката на оштетен соларен панел е скапа
– Не произведува струја во текот на ноќта.
Недостатоците на сончевите колектори се:
– Доколку се користат за производство на електрична енергија, потребно е да се постави систем за „мониторинг“ на Сонцето.
Извор: National Geographic.rs