Со горчливо слатки чувства, партнерите на WECAN се збогуваат еден со друг, бидејќи проектот „Women’s Entrepreneurship CoAches training“ (2019-1-FR01-KA204-062215) завршува на 3 ноември 2021 година, по две (2) години успешна имплементација.
WECAN беше проект за стратешко партнерство кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија. Проектот имаше за цел да ја подобри позитивната перцепција на жените за нивните вештини за да започнат нов бизнис преку коучинг патување во кое жените тренери со релевантно претприемачко искуство ќе им покажат што всушност е потребно за да се биде претприемач.
За време на проектот, преку развој на иновативни алатки и следење на ажурирани методологии, партнерите успеаја да го зајакнат претприемачкиот капацитет на жените со приспособена коучинг програма.
Главните резултати од проектот вклучуваат:
- Развој на WECAN методолошки водич за обука на жени во смисла на иницијатива и претприемништво. Методолошкиот водич е теоретска алатка која ги поддржува жените претприемачи да станат обучувачи. Водичот ја дефинира и опишува WECAN методологијата за тренирање и се заснова на 4 столба:
- Употреба на неформални и неконвенционални практики и пристапи за ангажирање со жени без работа,
- Разбирање на поимот коучинг како неформален и креативен пристап за учење кој може да го подобри учеството на жените во економскиот живот на општеството во кое живеат,
- Воведување на трансверзалните компетенции на Европската референтна рамка за доживотно учење (ERF),
- Разработка на EntreComp Framework како главна референтна рамка за развој на претприемачко знаење, вештини и ставови применливи во сите сфери на животот.
Целосниот текст на Водичот е достапен во електронска верзија на англиски јазик, додека извршното резиме е исто така достапно на италијански, шпански, грчки, француски и македонски и може да се најде на следниот линк: https://www.wecanproject.eu/index.php/en/intellectual-outputs/methodological-guide3
- Развој на WECAN наставната програма и WECAN тренинг алатките кои вклучуваат иновативни материјали за обука и го сочинуваат WECAN пристапот за WECoaches, оспособувајќи ги да го применат основниот модел и да го прилагодат на нивниот контекст и потреби за учење. Наставната програма е структурирана во 4 модули:
- Надминување на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи
- Развивање и одржување на бизнис со Lean и Agile алатки
- Подобрување на меките вештини за комуникација, вмрежување и продажба
- Социјално претприемништво, социјален претприемач во XXI век
Наставната програма и Пакетот со алатки се наменети за WECoaches (жени со претприемачко искуство) за да ги обучат со вештини и ги зајакнат нивните компетенции во обучувањето на други жени (жени кои сакаат да бидат претприемачи). Материјалите се достапни во електронска верзија на англиски, италијански, шпански, грчки, француски и македонски јазик и може да се најдат на следниот линк: https://www.wecanproject.eu/index.php/en/intellectual-outputs/intellectual-output-2a
- Развој на WECAN пакетот за е-учење и платформата за е-учење кои овозможуваат пристап до WECAN наставната програма.WECAN платформата за учење е домаќин и на WECAN наставната програма и на WECAN пакетот алатки за обука и е отворена и бесплатна за сите заинтересирани учесници, со едноставна регистрација. Платформата е достапна на англиски, италијански, шпански, грчки, француски и македонски јазик и може да се најде на следниот линк: http://wclms.wecanproject.eu/
Партнерите на WECAN успеаја да разменат искуства и соработуваа во развојот на корисни алатки за поддршка на женското претприемништво не само во нивните земји, туку и низ Европа. Преку напорна работа и меѓусебно разбирање успеаа да ги постигнат конкретните цели на проектот што требаше да се:
- Развој на основни и трансверзални претприемачки вештини, користејќи приспособена програма за тренинг
Зголемување на чувството за иницијатива и претприемачки начин на размислување кај потенцијалните жени или млади претприемачи
- Промовирање на неконвенционално и неформално учење за изградба на самодоверба, сопирање на бариерите и поттикнување возрасните жени без работа
- Развивање на програма за коучинг која ги подобрува и тренерите и менторираните, развивајќи нови и креативни алатки кои ќе го подобрат искуството за учење на менторираните и коучинг вештините на искусни жени претприемачи
- Отворена европска област за образование и обука благодарение на употребата на иновативни ИКТ, отворени образовни ресурси (ООР) во рамките на е-платформата која ќе биде слободно достапна.
WECAN ќе продолжи да се развива и неговите партнери се посветени да продолжат со нивната работа бидејќи нашата идна цел е да го зголемиме квалитетното образование за возрасни, за невработени жени и да обучиме нови тренери со современи и релевантни методи и алатки за поддршка, зајакнување и охрабрување на претприемничката активност на жените.