Xiaomi ја претстави серијата Redmi Note 11 минатата недела, а уредите предизвикаа голем интерес.
Според официјалните извори, за еден час се продадени повеќе од 500.000 примероци од моделот Redmi Note 11 кој е достапен во продажба, како и моделот Redmi Note 11 Pro и Redmi Note 11 Pro+ кои се нарачани.
Стандардниот Redmi Note 11 чини околу 185 долари, има Dimensity 810 процесор, 6,6-инчен LCD екран со фреквенција на освежување од 90Hz и батерија која поддржува 33W брзо полнење.
Pro верзиите го користат моќниот Dimensity 920 процесор, имаат четири камери и брзо полнење.
Извор: Klix.ba