Како и секој инфраструктурен проект, тој би бил скап, но професор по машинство од Кембриџ вели дека постои начин да се направи исплатлив
Mercedes, Volvo и Traton имаат големи планови за иднината на електричните камиони, но се чини дека компаниите засега имаат само камиони за испорака со релативно кратки дострели. Меѓутоа, во Либек, Германија, започна тестирање на решенија за транспорт на долги релации.
Имено, ова не е особено нова технологија, но може да помогне да се создадат можности за електрични камиони на долги растојанија. Како што е објаснето во приложеното видео, со користење на надземни кабли за напојување, како што се оние што ги користат трамваите и возовите, камионите лесно може да ја користат електричната мрежа наместо батеријата.
Теоретски, електричната мрежа во облик на кабел е обесена над првата лента на автопатот, дозволувајќи им на камионите да го „отворат“ својот конектор кој се лизга преку жицата, при што се напојува електричниот мотор што го придвижува камионот. Проектот е дизајниран пред две години, а потребно е најмалку уште една година тестирање пред да се добие конечен одговор.
Бидејќи конекторот само се лизга по мрежата, камионот сè уште може да се префрли на внатрешен погон, на пример во случај на потреба да се престигне друго возило или да се излезе од автопатот. Она што е важно е дека тие ќе можат да бидат поврзани со електричната мрежа во поголемиот дел од нивното патување, намалувајќи ја потребата од батерии со прекумерна тежина.
Како и секој инфраструктурен проект, тој би бил скап, но Дејвид Себон, професор по машинско инженерство на Универзитетот во Кембриџ, вели дека постои начин да се направи исплатлив. Ова важи само доколку струјата биде доволно евтина за камионџиите, кои ќе треба да платат за почетната инвестиција и одржување на системот.
Извор: Додај Гас