Посетителите на Амстердам наскоро може да видат самоуправувачко водено возило со големина на мал автомобил кој тивко крстари низ неговите древни канали, превезувајќи патници и товар или ѓубре.
Наскоро роботот на електричен погон ќе има попривлечно име од „автономно пловечко возило“ за проектот што треба да го започне тест патувањето насочено кон подобрување на опциите за транспорт во преполниот град.
„Имаме многу патен сообраќај и метеж, е-трговија, логистиката ги преполни малите улици во градот“, рече Стефан ван Дијк, директор за иновации на Институтот за напредни решенија во Амстердам, кој работи роботски дизајн и инженеринг со Институтот во Масачусетс (MIT).
„Во исто време имаме доста отворена вода во каналите… така што развивме самоуправувачки, автономен брод кој ќе помогне да се развезуваат луѓе низ градот, како и за логистика“.
По четири години тестирање со помали верзии и доработка на концептот, производителите денесака ги покажаа првите два функционални роботи со целосна големина.
Една од првите тест-апликации на Craft би била за скромна, но важна задача: собирање ѓубре.
Работата најчесто ја вршат камиони, но тие претставуваат опасност по безбедноста и предизвикуваат метеж во тесните улички на градот. Наместо тоа, роботите стационирани на крајбрежјето ќе служат како лебдечки корпи за ѓубре, кои ќе се вратат во базата кога ќе бидат полни.
Ван Дијк рече дека градот, кој го поддржува проектот, размислува за локации за пилот-проект за собирање ѓубре на почетокот на следната година.
Поврзани артикли