Руските беспилотни летала ќе добијат можност да реализираат воздушно извидување на шумски масиви при големи брзини и меѓу лисјето да детектираат различни цели. Дроновите ќе ги проследуваат координатите до контролниот центар во реално време.
Тактичко-техничките карактеристики на опремата им овозможуваат на дроновите да пронаоѓаат не само луѓе, туку и мали објекти.
„Таквото следење ќе биде невозможно да се избегне. Дроновите ќе ги обележуваат локациите на објектите и нивните координати непрекинато ќе ги проследуваат до контролниот центар“, изјави за агенцијата ТАСС претставникот на рускиот Државен научноистражувачки институт за авијациски системи Борис Вишњаков.
Во цивилната сфера ваквите дронови ќе се користат за следење и фотографирање ретки животни.
Се претпоставува дека беспилотните летала за извидување на шумски терени ќе се појават во употреба за две години.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли