Пред 75 години научници лансираа ракета во вселената на чиј врв имало камера, така е направена првата фотографија од Земјата, пишува Popular Mechanics.
Всушност, тоа било нацистичка ракета, V-2, балистички проектил кој полетал на 24 октомври 1946 година, а достигнал висина од 104 километри. Камерата поставена на врвот правела фотографии на секои секунда и пол, а потоа заедно со ракетата паднала на земјата, со брзина од 547 км/час.
Сепак, човештвото ја добило првата фотографија од Земјата снимена од вселената.
„Тоа беше неверојатно достигнување за 1946 година, голема вест“, изјави Мајкл Нуфeлд од одделението за историја на вселената во Националниот воздушен и вселенски музеј.
Камерата пред лансирањето била сместена во специјална челична касета за да остане недопрена и покрај падот од огромна висина. Камерата навистина преживеала иако останала без една леќа.
Кога ја погледнале фотографијата, научниците биле многу возбудени, а еуфоријата била уште поголема поради фактот дека американската војска немала ни падобрани компактибилни со ракетите од германско производство така што немало гаранција дека мисијата со камерата ќе биде успешна.
За среќа, научниците успеале да го постигнат тоа што го сакале.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли