Македонски Телеком ќе им овозможи комплетно ново дигитално искуство на своите корисници – во новата продавница во Ист Гејт, којашто е многу повеќе од класично продажно место. Целиот фокус на новата продавница е ставен на врската на корисникот со технологијата, односно технологијата е во функција на најдоброто корисничко искуство и заштитата на животната средина.
Ова е прва продавница на Телеком со можност за самопослужување, каде корисниците ќе можат дигитално да ги прегледаат карактеристиките на уредите и понудите, да нарачаат уред и да го добијат на лице место или да платат сметка. Услугата во оваа продавница е на повисоко корисничко ниво уште на самиот влез. Новина е и системот за чекање со кој за прв пат се нуди опција корисникот сам да одбере термин кој му одговара и да добие СМС известување кога најбрзо ќе може да биде услужен.
Посветени на заштита на животната средина
Освен технолошки, продавницата има и еколошки аспект. За прв пат се воведуваат дигитални наместо печатени ценовници, што е чекор напред кон заштита на животната средина. Концептот на зелени еко ѕидови, коишто ги има и во други продавници на Телеком, продолжува и тука, а за прв пат се воведува концептот на зелен плафон (Green Celling). Овие еко ѕидови коишто се заштитен знак на продавниците на Дојче Телеком, освен декоративна, имаат и практична функција, односно служат за природно прочистување на воздухот.
Новата продавница во Ист Гејт се отвора во петок на 29 октомври, а по повод отворањето направена е посебна понуда за корисниците, коишто ќе можат да купат смартфони со попусти до 5 000 денари. Понудата трае од 29 до 31 октомври.