Добро познатата „цигла “ се враќа во ново издание за да ја одбележи дваесетгодишнината од претставувањето на оригиналниот модел.
Компанијата HMD Global, домот на телефоните Nokia, ја најави достапноста на новиот телефон Nokia 6310. Уредот доаѓа во оригиналната форма на телефонот Nokia 6310, со карактеристична батерија која може да трае со недели помеѓу две полнења, издржливо куќиште и класичната игра Snake од 90-тите.
Nokia 6310 доаѓа со суптилни промени како модерни функции, вклучувајќи поголеми копчиња, зголемено мени и безжично FM радио. Новиот телефон е редизајниран, со поголеми копчиња и екран.
Има цврсто куќиште од поликарбонат, според компанијата, доволно силно за да ги издржи предизвиците на секојдневната употреба.
„Веќе не ги прават како порано’ е фраза од која се откажавме. Ние продолжуваме да го обезбедуваме тој препознатлив квалитет на изработка кога станува збор за сите наши уреди. Неодамна го претставивме новиот Nokia XR20 смартфон кој може да издржи сè што животот ќе му приреди, што за мене е телефонот Nokia 3310 во паметен телефон за модерното време, а сега се врати телефонот Nokia 6310, подобар од кога било досега“, изјави Адам Фергусон, директор за маркетинг на производи во HMD Global.
Извор: B92.net
Поврзани артикли