Возачите чии автомобили се поврзани со семафорите можат да добијат препорака за тоа колку брзо возат, со цел при приоѓањето кон семафорот да свети зелено. Тоа е само една од работите за кои се разговара на Саемот во Хамбург.
До крајот на неделата (15 октомври), Хамбург е зборно место на десет илјади експерти од повеќе од сто земји. Во овој град се одржува Светскиот конгрес за интелигентни транспортни системи. Во саемските сали и реновираниот Конгресен центар, тоа е првиот голем деловен настан по принудната пауза поради пандемијата.
Интелигентните транспортни системи (ITS) звучат како непријатна фраза измислена за обичниот свет да не ја запамети, но зад нив се кријат возбудливи идеи кои би можеле радикално да го променат сообраќајот и секојдневниот живот на секој човек.
Да речеме ефикасен јавен превоз базиран на дигитализација, автомобили кои возат без возачи, различни и подобри мрежи на пешачки и велосипедски патеки, софтвер што управува со транспортот на стоки како во пристаништето во Хамбург и сето тоа на таков начин што ќе ја штеди животната средина.
Нешто помеѓу такси и автобус
Подготовките за саемот во Хамбург траат цели пет години, за време на кои се спроведени пилот-проекти во споменатите области.
Така, во пристанишната метропола на северот на Германија, може да се види систем на електрични такси-комбиња Моia, развиен од Volkswagen. Потенцијалниот патник има апликација, внесува во неа до каде оди, комбето (заедно со другите клиенти кои се на слична рута) го собира на одредено место определено со алгоритам и го остава некаде попат. Значи, нешто помеѓу такси и јавен превоз, а тоа чини и возењето.
Тука е и HEAT, мал електричен автобус со мал изглед на кој не му треба возач. Тестиран е како шатл-превоз во пристаништето на Хамбург, но се уште не започнал со работа. Тука е и Hyperloop, транспорт во капсули низ вакуумски цевки со огромна брзина.
„Ниту еден град во Германија не инвестира толку во железничка мрежа со голема брзина како ние“, вели Петер Ченчер, градоначалник на Хамбург.Тој вели дека тоа е најефикасното превозно средство во метропола како Хамбург.
Иднината на мобилноста во големите градови затоа ќе биде претставена на Светскиот конгрес за Интелигентните транспортни системи (ITS). Воедно, важно е и да намалувањето на емисиите на штетни гасови.
Никогаш повеќе црвено
Ова веќе се случува во некои градови преку вмрежување на семафорите и софтверот во возилата – возачи на автомобили, но и велосипедисти секогаш можат да го фатат „зелениот бран“ доколку ја прилагодат брзината. Сопирањето, а потоа и повторното тргнување кога се исфрлува најмногу штетни гасови на тој начин би можеле да станат минато.
„Со ова знаење, возачот заштедува околу 15 проценти гориво на пат од педесет километри во градски услови со помало сопирање и забрзување. Побрзо се стигнува до целта, а таквото насочување на сообраќајот значително го намалува и стресот кај возачите “, вели Мајкл Ганцер, сообраќаен експерт во Kapsch TrafficCom, компанија за наплата на патарини.
Еден од првите проекти за вмрежување семафори и возила е дело на Audi, заедно со партнерот Traffic Technology. Нивниот систем, наречен Traffic Light Info, веќе работи на околу 35.000 крстосници во Соединетите држави. Во Европа, се користи во Салцбург, и наскоро ќе биде лансиран во Шпанија и скандинавските земји.
Значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид
Ганзер прецизира дека со тоа би се избегнала барем половина од градските сообраќајни метежи на улиците. Исто така, заштедата на гориво, а со тоа и животната средина игра голема улога, бидејќи, речиси една четвртина од сите издувни гасови во светот доаѓаат од сообраќајот, а 70 проценти од патниот.
Професорот Мартин Фелендорф, кој раководи со Институтот за патен транспорт во Грац, вели дека управувањето со дигиталниот сообраќај може да заштеди 42 милиони тони СО2 годишно за шест години.
„Тоа е повеќе од сите соларни панели заедно кои заштедиле вкупно околу 35 милиони тони во Германија минатата година. Има многу што можеме да направиме како индустрија, но тоа е едвај познато за политиката и економијата“, се жали Ганзер, додавајќи дека компаниите како неговите се подготвени да соработуваат тесно заедно, наместо љубоморно да ги чуваат патентите, заклучува Ганзер.
Извор: Deutsche Welle
Поврзани артикли