Redmi брендот наскоро ќе претстави нова серија ТВ уреди. Redmi Smart TV X 2022 ќе биде објавен во Кина на 20. октомври.
Компанијата објави нов тизер со кој се потврдува дека Redmi Smart TV X 2022 ќе има поддршка за стапка на освежување на екранот од 120Hz, а во најавата компанијата истакнува дека овој телевизор ќе го направи споменатото освежување популарно.
Потврдено е и дека телевизорот ќе биде од премиум сегментот, така што може да се очекуваат врвни карактеристики и функции. Со стапка на освежување од 120Hz, овој телевизор може да биде еден од идеалните додатоци на гејминг системите.
Се очекува дека ТВ линијата би можела да понуди 4K LED панели со компатибилност за HDR10+ и поддршка за Dolby Vision содржини. Исто така, новите ТВ модели би можеле да имаат 2GB RAM и 16GB простор за складирање, како и претходната Redmi Smart TV X серија.