Овој симптом не треба веднаш да го поврзувате со проблеми со кардиоваскуларниот систем.
Високиот крвен притисок е проблем кој ја погодува речиси секоја десетта личност во светот, а многумина од нас можеби и не знаат дека боледуваат од хипертензија поради тоа што таа најчесто нема симптоми.
Дека имате висок крвен притисок веројатно ќе дознаете дури тогаш кога истиот ќе предизвика посериозни последици. Премалку луѓе одат на доктор на редовни контроли поради што крвниот притисок може да направи хаос во организмот пред да биде дијагностициран.
Еден од необичните сигнали дека нешто не е во ред со вашиот крвен притисок е проблеми со помнењето.
Мозокот се потпира на постојаните количини крв богати со кислород за да може да функционира нормално. Високиот крвен притисок може да го намали дотокот на крв во мозокот и да направи привремени или значајни блокади кои потоа предизвикуваат исхемиски напади или пак мозочен удар.
Нерегулирањето на високиот крвен притисок може да предизвика проблеми со помнењето, учењето, сеќавањето, па дури и со говорот.
Важно е да знаете дека лекувањето на притисокот нема магично да ја поправи направената штета, но значително ќе го намали ризикот од останати проблеми во организмот.