Ѓубривото од сточарската индустрија оди во почвата, а таму може да предизвика поголема закана од користењето на минералните ѓубрива. На дренирана почва предизвикува големи пустоши и губење на биодиверзитетот.

Прекумерното ѓубрење им се заканува на живеалиштата на речиси сите загрозени видови од Црвената листа која ја составила Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), а вештачките ѓубрива, пестициди и хербициди им штетат на организмите во почвата и водата и го нарушуваат екосоставот.

Нитратите се мешаат во подземните води, што доведува до загадување на питката вода и штети на здравјето. И начинот на сеење се променил. Некогаш земјоделците на секои три години сееле различни видови на житарици, а во текот на четвртата година полето би се одмарало.

Денеска ситуацијата е многу поинаква. Се одгледуваат исти соеви на иста површина, година за година. Земјиштето веќе не се подготвува, сега се сее директно во него. Приносите се три пати поголеми, жетвите се три пати почести. Но, тоа значи дека се користат и три пати повеќе хебрициди и пестициди.

Вилијам Риерсон, уредник на „Overdevelopment, overpopulation, overshoot’” наведува: “Организацијата ‘Global Footprint Network’ проценува дека луѓето веќе користат 150 проценти од обновливите извори на Земјата годишно и се проценува дека до 2030-та година ќе бидат потребни две планети за наше одржување”.

И покрај бројот на жители на Земјата, бројот од 70 милијарди животни кои во овој момент се одгледуваат за храна е целосно несразмерен со бројот на населението и неговите потреби. Поради пасењето и одгледувањето на толкав број на животни, ливадите и плодните почви се претвораат во пустини.