Времето на испорака повеќе од една година за крајните потрошувачи денес е факт за речиси сите модели
Акутниот недостаток на компјутерски чипови во производството на возила не само што доведува до одложување на производството и испораката, туку влијае и на возилата што се произведуваат, така што германските производители на автомобили во моментов испорачуваат само недовршени возила и со тоа предизвикуваат незадоволство кај клиентите и дилерите.
„Сега имаме ограничувања речиси насекаде“, вели Андреас Хенкел, менаџер за продажба во застапништвото на Mercedes, Felix Kloz во Штутгарт за германското индустриско списание Automobilwoche. Понекогаш електричната задна врата недостасува, понекогаш функцијата за осветлување е ограничена … Производителите ветуваат дека ќе ги инсталираат овие функции на сопствен трошок когаќе бидат достапни.
Како и Mercedes, така и BMW има проблеми со испораката на чипови. Кристијан Ренш, генерален директор на дилерот на BMW, May & Olde, известува дека возилата се испорачуваат без соодветните делови од опремата…
Времето на испорака повеќе од една година за крајните клиенти денес е факт за речиси сите модели, и многу дилери повеќе не добиваат автомобили. Кризата во производството не се очекува да се намали до втората половина на 2022 година.
Поврзани артикли