СЗО го дефинира продолжениот Ковид како состојба со најмалку еден симптом кој вообичаено почнува да се појавува во рок од три месеци од почетокот на потврден Ковид-19 или веројатна инфекција на Ковид-19, а истиот трае најмалку два месеци.
СЗО оваа седмица објави дефиниција за продолжен Ковид-19, термин кој се користи за опишување на постојани здравствени проблеми кои лицата ги имаат (оние кои прележале Ковид-19).
Научниците и натаму работат на развивање на овој синдром, наведува „Ројтерс“.
Симптомите на продолжен Ковид можат да започнат во текот на инфекцијата или да се појават првпат откако пациентот закрепнал од акутната болест.
Меѓу најчестите симптоми се наведуваат замор, отежнато дишење и когнитивни проблеми. Останатите симптоми се болка во градите, проблеми со сетилото за мирис или вкус, слабост во мускулите, забрзано чукање на срцето.
Состојбата на продолжен Ковид генерално влијае на завршување на секојдневните активности.
„Ројтерс“ наведува дека сè уште не се знае точниот број на луѓе кои се погодени од оваа состојба.
? WHO clinical case definition for post #COVID19 condition, also called 'long COVID' https://t.co/WoiLcwsgJX pic.twitter.com/Z0olrHlWPC
— World Health Organization (WHO) (@WHO) October 7, 2021
Студија од Универзитетот Оксфорд која опфатила над 270.000 луѓе кои прележале Ковид-19 открила најмалку еден симптом во 37 отсто од случаите, при што симптомите биле чести кај луѓето на кои им била потребна хоспитализација поради инфекцијата.
Друга студија од Универзитетот Харвард која вклучила на 52.000 испитаници кои прележале Ковид-19, а кои имале благи симптоми на инфекцијата или биле асимптоматски случаи, укажува на тоа дека состојбата на продолжен Ковид почесто може да се јави кај пациенти помлади од 65 години.
Многу симптоми на оваа состојба, како што се наведува, со текот на времето исчезнуваат без оглед на тежината на почетната болест на Ковид-19.
Што се однесува до вакцинацијата и состојбата на продолжен Ковид, помалку истражувања покажале дека некои луѓе во овие состојби доживеале подобрување на симптомите по вакцинацијата.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопштил дека потребно е да се направат повеќе истражувања за да се утврди ефектот на вакцината на оваа состојба.
Поврзани артикли