Додека повеќето автомобилски производители се фокусирани на „копнениот превоз“, некои од нив развиваат eVTOL (електрични летала со можност за вертикално полетување и слетување)
Honda е една од тие компании кои влегуваат во областа на воздушните такси возила. Тоа не е се, бидејќи јапонскиот бренд планира развој и на нови роботи и мали ракети за повеќекратна употреба.
На 30 септември, Honda објави дека планира да го прошири својот бизнис надвор од автомобилската индустрија. Јапонската компанија покрај оригиналниот авион HondaJet има за цел „воздухопловната гама“ да ја прошири со целосно нов тип на летало, таканареченото eVTOL.
Иако се чини дека воздушните такси возила се идеално решение кога станува збор за решавање на проблемот со сообраќајниот метеж во големите градови, пречката е ограничениот капацитет на батериите. За надминување на овој проблем, од Honda велат дека ќе ја користат својата технологија за електрификација за да создадат eVTOL со гасно-турбинска хибридна единица.
Целта на компанијата е да развие „екосистем за мобилност“ со eVTOL летало како јадро, координиран и интегриран во копнениот транспорт. Honda веќе е позната по хуманоидниот робот Asimo, кој може да трча, да танцува, да скока и да шутира топка, па врз основа на постоечката технологија, планира да оди чекор понапред и да развие „аватари“.
Според јапонскиот производител, аватарите можат да послужат како „второ јас на корисникот“, со што им овозможуваат на луѓето искуство без да бидат присутни лично. Во срцето на оваа нова технологија е роботска рака способна да извршува сложени задачи базирани на функција на далечински управувач. Honda се надева дека ќе започне со научни демонстративни тестови на роботот Avatar до 2024 година, за да може практично да се користи до 2030 -тите.
Колку и да звучи „научна фантастика“, амбициозните планови на јапонската компанија не завршуваат тука. Имено, Honda, исто така, има за цел да отиде понатаму од небесните сфери со помош на мали ракети кои можат да се користат како средство за лансирање сателити во ниска орбита. Покрај тоа, Honda планира предметните ракети да ги прави за повеќекратна употреба, дозволувајќи им на некои компоненти да се спуштат на земја по лансирањето.
Се разбира, ветувањата се бројни, и се уште е тешко да се предвиди дали приказната ќе заврши успешно, но ако знаеме какви се Јапонците, тие сигурно ќе дадат се од себе за да ги исполнат ветувањата.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли