Facebook заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект што е замислен како најдолгиот подокеански кабел во светот.
Станува збор за „2Африка“ – кабел долг 37.000 километри кој ги поврзува Африка, Европа и Азија. Facebook со конзорциумот ќе го продолжи кабелот со нови делови до Сејшелите, Коморските Острови, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од над 45.000 километри.
Целта на иницијативата е да им се овозможи на луѓето во Африка (моментно најмалку дигитално поврзаниот континент), полесен пристап до интернет.
Потпретседателот на Facebook одговорен за мрежната инфраструктура, Кевин Салвадори истакна дека структурата ќе опслужува повеќе луѓе отколку што првично било предвидено во проектот.