Овој потег има за цел да ја намали акумулацијата на електронски отпад, најмногу поврзан со производство на нови и отстранување стари неупотребливи уреди, телефони, таблет уреди, слушалки, камери и звучници
Производителите на паметни телефони ,oд 2024 година би можеле да бидат принудени да престанат да дистрибуираат полначи со нивните уреди. Тоа е целта на предлог -законот кој ќе наметне единствен стандард за полнење на мали електронски уреди и ќе забрани продажба на мобилни телефони со полначи.
Оваа недела, Европската комисија би можела да претстави предлог-закон кој предвидува воведување универзален полнач за електронски уреди, со што ќе се забрани продажба на уреди во пакет со полначи на територијата на Европската унија.
Овој потег има за цел да ја намали акумулацијата на електронски отпад, најмногу поврзан со производство на нови и отстранување стари неупотребливи уреди, телефони, таблет уреди, слушалки, камери и звучници, пишува TechRadar.
Како заеднички стандард за сите уреди, може да се предложи USB-C, кое веќе беше инсталирано во 2018 година во нешто помалку од една третина од сите паметни телефони продадени во земјите-членки на ЕУ.
Производителите на уреди се противат на таквите напори на Европската унија, кои траат повеќе од 10 години. Најгласниот меѓу нив е Apple, кој заедно со својот iPhone и другите уреди продава свој Lightning конектор.
Европската комисија се надева дека, по јавната расправа и законодавна постапка, новиот закон ќе може да стапи на сила во 2024 година.
Извор: Telegraf.rs