Батериите на паметните телефони имаат ограничен животен век, а начинот на кој ги полните дополнително може да го намали. Затоа е важно да знаете кој е најдобриот начин за тоа, пишува Business Insider.
Повеќето луѓе го полнат телефонот во текот на ноќта, во текот на спиење кога не им е потребен, но тоа всушност е грешка.
Целноќното полнење на телефонот и оставање на уредот на полнач откако ќе постигне 100% наполнетост воопшто не е добро за батеријата бидејќи го забрзува процесот на нејзино слабеење.
Батеријата секако со времето ќе ослаби, но може подолго да ја соочувате ако внимавате како и колку долго го полните телефонот.
Литиум-јонската батерија најмалку слабее ако ја одржувате на 30 или 50% наполнетост. Сепак, не е реално да се очекува од корисникот постојано ја ја одржува батеријата полна 30 до 50% бидејќи на повеќето им е потребно да трае што подолго, особено ако знаат дека некое време нема да има каде да ја дополнат.
Клучната работа е всушност батеријата да не биде долго 100 проценти полна, па затоа избегнувајте да го оставате уредот на полнач во текот на целата ноќ.
Извор: Krstarica.com
Поврзани артикли