Samsung минатиот месец, во рамките на својот Galaxy Unpacked настан, претстави два Thom Browne Edition пакети, со Galaxy Z Flip3 и Galaxy Z Fold3 телефони. Секој од овие пакет вклучуваше и Galaxy Watch4 и Galaxy Buds2 слушалки во Thom Browne Edition варијанта, со тоа што Watch4 Classic Thom Browne Edition досега не беше достапен во продажба.
Сега Samsung официјално го објави Galaxy Watch 4 Classic Thom Browne Edition, со цена од 800 долари. Пакетот вклучува три Thom Browne ремени, како и полнач со Thom Browne брендот во ленти со три бои.
Galaxy Watch4 Classic е обложен со родиум за да има дизајн со отсјај. Тука се и пет инсталирани Thom Browne позадини. Оваа едиција на паметниот часовник има големина од 42 мм и Bluetooth поддршка.
Samsung Galaxy Watch4 Classic Thom Browne Edition ќе биде достапен во продажба во лимитирани количини, преку сајтот на Samsung, од 29. септември.