Motorola во моментов работи на нов телефон наречен Мото Е40. Уредот претходно се појавуваше во информациите, како и на неколку сертификациски и бенчамрк листинзи. Сега дојавувачот Evan Blass (@evleaks) нуди детали за големината на екранот и системот за камери на телефонот.
Според дојавувачите, Moto E40 ќе користи 6,5-инчен Max Vision HD дисплеј. Панелот ќе има стапка на освежување од 90Hz. Телефонот ќе се напојува со осумјадрен чипсет, а на задната страна ќе се најде систем со три камери и главен сензор од 48MP.
Претходно Moto E40 беше забележан на Geekbench со 1.8GHz Unisoc процесор, а би можел да имплементира 4GB RAM меморија. Од почеток ќе користи Android 11 оперативен систем, а се очекува и 64 GB простор за складирање.
Претходниот TUV сертификат откри и батерија од 5000mAh, со поддршка за полнење од 10W. Се очекува дека наскоро ќе бидат познати повеќе официјални детали за Moto E40 телефонот.
Поврзани артикли