Астронаутот, ракетата, месечината, вселенскиот ровер и сѐ останато, е изработено од тимот на Академијата за визуелни уметности М3ДС, каде во тек се уписи на три типа курсеви за создавање разни креации во дигиталниот свет.
Во изминатите денови слушнавме многу информации и шпекулации за Марјан Спировски кој беше прогласен за првиот македонски астронаут. Снимката од ракетата АНГАРА 5, на чија платформа беше гордо развеано македонското знаме беше само потврда на овој подвиг. Дополнително влијание имаа возилата со ознаките на ЕСА (Европската вселенска агенција) и РОСКОСМОС, кои се појавија на улиците во Скопје.
Мистеријата е конечно разоткриена. Македонскиот астронаут слета на месечината и го дознавме неговиот идентитет.
Астронаутот, ракетата, месечината, вселенскиот ровер и сѐ останато, е изработено од страна на тимот на М3ДС Академија за визуелни уметности. Тимот на Академијата М3ДС за момент ни прикажа фантастичен и креативен историски подвиг, кој го преточи во навистина реална вест, целосно изработена со врвните програми за 3Д и визуелни ефекти. Погледнете во официјалното видео, во кое се разоткрива целата мистерија. Задолжително со звук!
Повеќе информации пронајдете на нивниот официјален сајт: https://mk.m3dsacademy.com/
Уписите во Академијата М3ДС се во тек, а вие можете да изберете еден од следните курсеви:
– Академска година (12-месечен курс)
Академската година е 12-месечна обука, во која студентите имаат шанса да го научат целиот процес на креација во филмската индустрија и во гејминг индустријата. Студентите се поттикнати да го постигнат нивниот максимален потенцијал и да станат професионални артисти.
– Курс за 3Д печатење (3-месечен курс)
На овој курс студентите создаваат креации во дигиталниот свет и ги носат во реалноста со помош на процесот на 3Д печатење.
Во времетраење од 3 месеци се стекнува квалитетно знаење, меѓународна диплома и бесплатен 3Д печатач!
– Warm Up курс (4-месечен курс)
На оваа обука, студентите го изучуваат процесот на креирање 3D модели на брз и ефективен начин, доволен за да можат веднаш да го изработат својот прв Freelance проект. Кон крајот на WarmUp курсот, студентите ќе го изработат својот прв фриленс проект на фриленс платформата Upwork.
М3ДС Академијата е официјален авторизиран Autodesk центар за обука, а сертификатите кои ги издава академијата се меѓународно признаени и издадени од Autodesk USA.
М3ДС е партнер со Epic Games и соработува со многу други светски студија, како што се Disney, Substance, Pixar, DreamWorks, Sony Picture ImageWorks, Industrial Light & Magic, Hugo’s Desk, Nordeus, 3lateral, Lynx Animations, Cylindo и многу други.
Преку овие соработки нивните студенти имаат шанса да учат од врвни професионалци ширум светот.
Поврзани артикли