Валентино Роси не е само легендарно име во кралската класа, туку и генерално во мото спортот. Девет-кратниот светски шампион е сопственик на брендот VR46, во чии рамки може да се најдат бројни производи
Од специјални AGV кациги, до соработка со Dainese… логото VR46 може да се најде на широк спектар на производи.
Во рамките на најновиот деловен проект, брендот VR46 ќе добие и линија електрични велосипеди. Работата ќе се изврши во соработка со МТ Distribution, компанија специјализирана за производство на електрични возила.
Сето ова го потврдува и Карло Алберто Тебалди, извршен директор на брендот VR46.
„VR46 веќе долго време се подготвува за нов проект, кој има за цел да создаде линија на производи наменети за транспорт во урбани услови. Планиравме да ја прошириме нашата понуда веќе долго време и да влеземе во светот на двоцикли, особено во теренскиот сектор“, потенцира Тебалди.
Новиот електричен велосипед ќе биде направен во ограничена серија од 46 примероци, со компоненти со високи перформанси како што се делови од карбон и нов преносен систем.
Е-велосипедот ќе биде придружуван од гуми Pireli Scorpion, како и предна вилушка од 160 mm со задни амортизери 205 / 67,5 mm.
VR46 и MR Distribution ќе ги откријат деталите за нивната најнова соработка на претстојниот саем EICMA, кoj ќе се одржи во Милано на крајот од ноември.