Вселенските туристи кои сега кружат околу Земјата со вселенскиот брод на SpaceX разговараа од орбитата со познатиот актер Том Круз.
Летот од вселенскиот центар Кенеди на Кејп Канаверал го изнајми американскиот милијардер Џаред Ајзакман, 38-годишниот основач и извршен директор на компанијата за финансиски услуги „Shift for Payment“, кој исто така е искусен пилот, а со него во леталото се уште три лица кои се подготвуваа со месеци.
„Рук, Нова, Хенкс и Лео разговараа со Том Круз“, објавено е на официјалниот Твитер профил на мисијата.
„Тие ги споделија своите искуства од вселената. „Маверик, можеш да бидеш наш крилен напаѓач кога сакаш“, се додава во твитот. Маверик е името на елитниот пилот што Круз го играше во филмот „Топ ган“.
Леталото беше лансирано во Флорида во средата со првиот целосно цивилен екипаж кој некогаш бил испратен на лет во орбитата на Земјата, а мисијата треба да трае околу три дена.
За време на мандатот на Доналд Трамп, администраторот на НАСА, Џим Браиденштајн најави безтежински филм со Круз минатата година, на Меѓународната вселенска станица. Деталите за филмот, кој треба да се снима во соработка со SpaceX, се уште не се познати.
Извор: N1info.com
Поврзани артикли