Македонскиот провајдер на софтвер за спортско обложување и еден од глобалните лидери во “iGaming”индустријата, BtoBet, го прошири своето присуство на пазарот во Обединетото Кралство, со лансирање на својот прв бренд на платформата Aspire Global.
По консолидирањето со групацијата Aspire Global, годинава, во рамки на партнерството, BtoBet го претстави BetTarget, првично наменет за ирскиот пазар. BetTarget е и првиот бренд во рамки на платфомата на Aspire Global кој ќе го користи лиценцираното софтверско решение за спортско обложување на BtoBet.
Сертифицирањето на оваа платформа за електронско спортско обложување во Обединетото Кралство ѝ овозможи на компанијата за брзо време да го зголеми своето присуство на овие простори, откако годинава го објави и партнерството со “Small Screen Casinos”. Покрај експанзијата на европскиот пазар, BtoBet овозможува пристап групацијата успешно да се позиционира и на пазарите во развој, како што се Латинска Америка и Африка.
Според оперативниот извршен директор на BtoBet, Дима Ридерман, ова е уште еден чекор напред кон освојување на регулираните пазари ширум светот, со посебен акцент на Европскиот.
„Најсовремените карактеристики на производите од нашето портфолио ќе им овозможат на операторите да им понудат на своите играчи сосема ново искуство. Уверен сум дека нашата платформа ќе оствари долгорочен успех на пазарот“, истакна тој, додавајќи дека Обединетото Кралство е исклучително конкурентна средина од која BtoBet е подготовена да биде дел.
Од групацијата Aspire Global пак, нагласија дека овој брендот BetTarget претставува пример за успешно интегриран стратешки производ кој отвора бројни можности за раст кај постојните, но и кај новите клиенти, особено во Европа, САД и Латинска Америка. Според нив, трендот на претставување нови брендови ќе продолжи и понатаму, бидејќи компанијата континуирано добива нови регулаторни одобрувања, успешно реализирајќи ја својата стратегија за раст.
Инаку, BtoBet е ИТ компанија со седиште во Северна Македонија и еден од трите најдобри светски провајдери на софтвер за спортско обложување и онлајн казино. Во 2020 година, комапнијата беше аквизирана од Aspire Global, лидер во глобалната “iGaming” индустрија која котира на шведската берза.