Истражувањата, чии резултати се засноваат на податоци собрани од 600.000 Американци, покажуваат дека ефикасноста на вакцините започна да опаѓа откако делта сојот на коронавирусот стана доминантен.
Едно објаснување би можело да биде постепеното слабеење на имунитетот, а друго дека делта сојот на „досетлив“ начин успева да ги избегне замките на имунолошкиот систем.
Но, може да станува збор и за комбинација од овие две претпоставки.
Резултатите од студијата покажаа дека од трите вакцини коишто се одобрени во САД, најуспешна е вакцината на Модерна. Оваа вакцина штити 95 осто, вакцината на Фајзер штити 80 отсто, а вакцината J&J 60%.
Ова одговара на резултатите од студијата на клиниката Мејо од август кои исто така покажаа дека вакцината на Moderna е поефикасна против делта сојот од онаа на Фајзер.