MSI објави десктоп компјутер наменет за деловни корисници, со компактен волумен од 2,3 литри. Kомпјутерот може и да се користи за системи кои бараат бар-кодови и печатачи на сметки, и има имплементирана COM порт, што е невообичаено за модерните компјутери.
MSI PRO DP21 е опремен со Intel H510 чипсет, а процесорите ги вклучуваат Core i7-11700, Core i5-11400, Core i3-10105 и Pentium G6405. Присутни се и M.2 x 1, 2,5-инчни SATA драјв, додека за графика е задолжен Intel UHD Graphics.
Мрежната поддршка ја пружа Gigabit LAN со Realtek RTL8111H и безжичен LAN+ Bluetooth со Intel Wireless AC9462 или Intel Wireless AX201. Предниот панел има четири USB 2.0 порта, влез за микрофон и слушалки. На задната страна се наоѓаат четири USB 3.2 Gen.1 Type-A портови, еден HDMI порт, две COM портови и приклучоци за микрофон и слушалки.
Тежината на MSI PRO DP21 компјутерот е 1,27 килограми. Преинсталиран е Windows 10 oперативниот систем, а тука е и TPM 2.0 поддршката што ќе овозможи лесна надградба на Windows 11.
Поврзани артикли